Пописот во прекин, паднал интернетот!?

Попишувачите од цела Македонија не можеле да внесуваат податоци за лицата кои ги попишуваат, а директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за Фактор ја потврди информацијата, но рече дека причина за тоа е паднатиот интернет во целата земја преку операторот „Телеком“.



Паднат е системот, но станува збор за проблем со интернетот во земјата. Известен е операторот“, информираше Симовски според кој веќе се работи на решавање на проблемот.

По еден час проблемот бил надминат.