Владимир Сарафов, македонски дипломат кој бил замешан во 2018 година во мисијата за спасување на ерменскиот колега кој бегал од својата земја поради перење пари и даночни затајување морал да избега со трчање од меѓуграничниот појас на македонско српската граница кога српските граничари забележале дека се бара со потерница од Интерпол.
“Тој во јуни годинава немал поим дека по него има меѓународна потерница. Тој заедно со неговото семејство, во јуни се обидел да ја помине српската граница, но бил запрен и тргнат на страна од српските погранични служби. Имајќи обзири кон неговиот дипломатски статус, српската полиција му укажала дека по него има потерница и го замолила да почека. Претпоставувајќи веројатно дека се работи за веќе заборавениот случај од 2018 година, тој панично почнал да трча кон македонската страна од границата, заборавајќи на синиот дипломатски пасош и на неговото семејство. Истата вечер, српските служби го известиле македонското Министерство за надворешни работи, за тоа дека поседуваат македонски дипломатски пасош и дека очекуваат натамошни инструкции што со пасошот”, пишува порталот МКД.мк.
Се претпоставува дека актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи знаел за овој случај, знаел за некаква меѓународна потерница по некои македонски дипломати распишана од ерменските власти…
“Сето ова требаше да подразбере и преземање на соодветни мерки.
Но, само два месеци потоа, на 27 август српските власти испраќаат уште едно известување до македонското МНР дека Вишиот суд во Врање одредил екстрадиционен притвор за македонскиот дипломат Миле Миленкоски. Причина за притворот е меѓународната потерница распишана од Ерменија за „илегален премин на граница извршен од група по претходен договор или со употреба на сила или закана“, пишува порталот кој открива дека Сарафов кој има направено повеќе крупни инциденти во македонски дипломатски мисии е човек на директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски кој предходно беше државен секретар во МНР.
Повеќе детали за скандалот на овој ЛИНК
Македонските власти долхо знаеле за скандалот
Вицепремиерот призна дека Владата долго време знаела за скандалот со уапсените дипломати






