kid raising his hand in classroom

Еден ученик од Велес и еден од Скопје се позитивни на коронавирусот, но вкупниот број на заразени ученици во последната недела е мал, соопшти денеска министерот Венко Филипче.



Тој апелираше до помладите граѓани „да се вакцинираат и на тој начин да си ги вратат своите животи, да се социјализираат и да се дружат“.

Министерот информираше дека бројот на новозаразени лица во земјава полека опаѓа, дека нема притисок врз болниците и дека „ситуацијата спласнува“.

За најавата дека ќе биде потребна и трета доза вакцина против коронавирусот, министерот рече дека треба да поминат шест месеци од втората доза за вакцина со трета.

kid raising his hand in classroom