Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во централниот дневник на Сител Телевизија истакна:
Јас не сум од вчера во политичкиот живот, веќе извесно време неколку години сум активна во политичката партија „Глас за Македонија“ ние веќе имаме одредено политичко искуство. Но, особено она што преставуваше дејствување во правец на еден здружен опозициски фронт не насочи сите да создадеме една организација во која што ќе бидат и помалите, или и новоформираните партии, и оние поискусните со постар датум, меѓутоа целта на ова политичко окрупнување е смена на власта и веќе конечно да се воспостават определени политички и економски промени
Котлар Трајкова додаде дека општина Центар не е само скопска општина, таа е воедно и центар на државата. Така што таа е домаќин на сите државни, јавни, општествени и научни институции. Котлар Трајкова укажа дека таа многу добро ги знае потребите и интересите на жителите на општина Центар бидејќи и таа е жител на оваа општина.
-Нам ни треба квалитетен живот барем за нас центарци морам да кажам, ни треба спокоен живот, ни треба еден урбан, модерен и културен живот. Во досегашното делување на определени структури или власти сме забележиле дури и не ги искористиле сите можности, појасни Котлар Трајкова.
Котлар Трајкова посочи дека гласот на граѓаните ќе биде на првото место при носење на одлуки за општина Центар.





