25-годишен Охриѓанец жртва на Ковид-19, уште 32 лица ја изгубија битката со вирусот

Во последните 24 часа се направени 7.174 тестирањe, а регистрирани се 708 нови случаи. Пријавени се 32 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 79г, 74г, 73г, 69г, 67г, 67г, 66г, 60г, 50г и 42г), 5 починати лица од Тетово (78г, 78г, 65г, 63г и 53г), 4 починати лица од Гостивар (73г, 72г, 70г и 63г), 3 починати лица од Куманово (80г, 76г и 64г) , по 2 починати лица од Охрид (65г и 25г) и во Струмица (70г и 69г) и по едно починато лице од Битола (70г), Штип (58г), Струга (81г), Кочани (64г) и Виница (47г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.



Од новодијагностицираните во Скопје има 315 нови случаи, во Куманово 53, Тетово 38, Струмица 33, Штип 24, Струга 23, Кичево 21, Битола 19, во Прилеп, Велес и во Охрид по 18, во Гостивар и во Кавадарци по 17, Берово 14, Дебар 13, Делчево 9, Крива Паланка 8, Кочани, Неготино и Радовиш по 7, Свети Николе 6, Гевгелија и Кратово по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица по 3, двајца во Пехчево и по еден новозаболен во Валандово, Богданци, Демир Хисар и во Македонски Брод.Регистрирани сe 573 оздравени пациенти.