Курц во Белград ја пофали Србија, Вучиќ му даде орден, па заедно правеа скара

„Прекрасно попладне што јас и Себастијан Курц го поминуваме заедно“, сподели на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ на каде сподели и фотографија како со гостинот подготвуваат стек на скара.



Австрискиот канцелар Себастијан Курц е во работна посета на Србија за време на која Вучиќ му врачи Орден на Република Србија.

Двајцата разменија мислења перспективите на земјите од Западен Балкан во ЕУ но и дека Унијата треба да го признае „енотрмниот напредок“ на Србија.