Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја лансираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“ и ги информираше новинарите за конкретните чекори и проекти преку кои ќе се спроведува.



„Не случајно се наоѓаме во градскиот парк, во една убава, пријатна и зелена атмосфера, во амбиент кој што асоцира на нашиот проект што ќе го лансираме денеска, а тоа е дека министерството за надворешни работи станува зелено“ рече министерот Османи.

Тој ги презентираше проектите преку кои ќе се спроведува оваа иницијатива, меѓу кои и назначување климатски амбасадор чии надлeжности ќе бидат промовирање на домашните и меѓународните политиките за зачувување на животната средина.

Зелената надворешна политика ќе треба да се прилагоди на предизвиците на носителите на одлуки во борбата против климатските промени и нивните влијанија, а амбасадите ќе бидат фронтални предводници на иницијативата за зелена дипломатија, што ќе значи и нула пластика во МНР и целата дипломатска мрежа, споделувње на возило со колегите, возење велосипед или пак тротинет, соларни уреди како одржливи извори на енергија, штедење на хартија, замена на светилките со штедливи светилки.

Министерот, во овој контекст информираше дека веќе е во постапка формирање на посебно Одделение во МНР за зелена дипломатија кое ќе ги следи и анализира меѓународните политики во областа на климатските промени и заштитата на животната средина и ќе продуцира насоки кои ќе се преточуваат во конкретни домашни политики.

Во јуни годинава, ДУИ од чии редови е министерот Османи, обзнани дека се ребрендира во „зелена партија“