Со владин декрет, од денеска во Словенија стапува на сила забрана за употреба на повеќе пластични производи за еднократна употреба кои ќе мора и посебно да бидат обележани.



Меѓу нив, пластичен прибор за јадење, чинии и сламки, но и стапчиња за уши, освен оние што се користат за медицински цели, пренесува Танјуг.

Казните за непочитување на регулативата ќе се движат до 15.000 евра за правни лица, до 5.000 евра за претприемачи и до 3.000 евра за одговорен сопственик.

Досега десетина европски државизабранија пластични производи за еднократна употреба со цел намалување на пластичниот отпад, меѓу кои и Германија и Хрватска.