Ќе треба и трета доза вакцина, најави Филипче

Сите испитувања досега одат во насока дека најверојатно ќе биде потребна трета доза вакцини против Ковид -19 соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.



Тој информираче дека имал состанок со претстаници на „Фајзер“, на кој раговарале за плановите за следната година и за нивните сознанија во однос на клиничките испитувања и дека се чека наодите од испитувањата да се официјализираат.

Околу бројот на вакцини во земјава, Филипче наведе дека во овој момент има сосема доволно.

„Околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од „Астра Зенека“, 110 илјади „Фајзер“ и 100 илјади дози од „Синовак“ и ја имаме оваа континуирана количина која што доаѓа од 30-40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата „Фајзер““, информираше министерот.