Металург влезе во вакум

Ракометарите на Металург загубија кај Војводина со 19-21 што е втор пораз сезонава во СЕХА. Дуелот во Нови Сад беше интересен, а  домашните успеаја да го издржат притисокот и тоа по израмнетото прво полувреме кое финишираше со 10-10. Во завршните минути од средбата, пак, Металург мораше да ризикува и да игра без голман што на крајот ги чинеше пораз.



Највозбудлив дел од мечот беше средината на вторите 30 минути во кои Војводина прво поведе во 41. минута 15-12, но Металург успеа да се врати и со серија од 6-2 серија да се избори за предност од 18-17 на десет минути до крајот. Но Металург тука застана, а загуби и поради лошата реализација на пенали бидејќи имаше четири промашени удари.

Со ова Војводина стигна до првата победа сезонава во СЕХА лигата по трите порази, додека Металург не успеа да го повтори резултат од гостувањето во Панчево кога го совлада Динамо и го претрпе вториот пораз во четири настапи.