Македонска снаа, претседателка на албанскиот парламент

Линдита Никола ќе биде новата претседателка на албанскиот парламент. Веста во Собранието ја објави премиерот Еди Рама. Тој рече дека госпоѓа Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи.



Линдита Никола одлично зборува македонски јазик, јавува весникот „Илинден“-Тирана.

Таа е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година Во 1989 година ги завршила студиите на отсекот математика на Универзитетот во Тирана а магистрирала на истиот Универзитет во јули 2010 год.

Со политиката се занимава од 2003 година, кога била е избрана како советник во Советот од на Општина број 1 во Тирана.

Во 2013 година беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тиранаа од 2017 -ма е член на Извршниот комитет на Социјалистичката партија.

Привато Линдита Никола е сопруга на проф д-р Лигор Никола и мајка на една ќерка.

Нејзиниот сопруг Лигор Никола родум е од село Врница, областа Голо Брдо. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана.