Жената на славниот актер Лоренс Фишбурн беше фатена на јавна прељуба. Актерката Џина Торес е видена во страствен бакнеж со човек кој очигледно не беше нејзиниот сопруг. Фотографиите ги преплавија медиумите во САД. Џина и Лоренс Фишбур не проговорија јавно за нивната разделба, но медиумите напишаа дека е можно двојката во тајност да се разделиле. Тие не биле видени заедно во јавност од крајот на 2015. година.

Џина Торес и непознат човек како што може да види на фотографијата не носат венчани прстени.
Актерката никогаш не зборуваше јавно за односот со Фишбурн, но на крајот од минатата година рече дека се одмора од работа, бидејќи морала да се погрижи за некои приватни проблеми. Сепак, не открила за што се работи. Славната двојка ја има ќерката Делила, која сега има 16 години. Портпаролите на Џина и Лоренс не одговорија на прашањата на новинарите нити објаснија каква е сегашната нивна врска.




