Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени од раководствата на училиштата на втори септември, само 0,01 % меѓу учениците се активни случаи на ковид-19, а ист е процентот и кај наставниот кадар.



Четиринаесет ученици во основните и средните училишта се позитивни на Ковид-19. Ниту еден од нив не е заразен во училиште, интерна трансмисија во училиштата нема“, изјави министерката за образование, Мила Царовска при посетата на основното училиште ,,Ацо Шопов’’ во населба Радишани, Општина Бутел.

Учебната година почна пред два дена, со физичко присуство на околу 233.000 ученици.

Во соопштението од МОН посочуваат дека строго се почитуваат планот и протоколите за заштита и ги повикуваат наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби