Професор го искара Рама: Албанците немаат проблем со Бугарите

Критика на албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум против Бугарија е апсурдна, оценува универзитетскиот професор Блерим Латифи.



Рама на бугарскиот претседател Румен Радев му порача „не бидете толку европејци, бидете малку балканци. Отворете го патот за преговори со ЕУ“.

Професорот Латифи смета дека Рама, наместо да ја раздвои перспективата за интеграција на Албанија во ЕУ од поранешните југословенски републики, тоне уште подлабоко во нивната валкана кал.

„Албанците немаат проблем со Бугарите. Напротив, по Хрватите, тие се најпријателскиот народ на Албанците на Балканот. Она што Рама го направи за Македонија во Словенија, македонскиот премиер никогаш не би го направил за Албанија “, напиша Латифи на Фејсбук.

Според него, напротив, македонската влада ги искористила сите средства за денационализација на Албанците, исклучувајќи само етничко чистење, што тие не можат да го направат, инаку не би се воздржале од тоа.

„Цел свет знае дека се’ што се нарекува историја, јазик и култура на македонските Словени во суштина е кражба на бугарското наследство, и дека македонскиот народ е проекција на Тито.

Југославија на Тито е мртва и Балканот никогаш нема да се смири додека не го заборават целото негово наследство“, пишува Латифи.