Молк од Шилегов: Има ли притисок медиумите да не објавуваат за неговата дивоградба?

Петре Шилегов ГРАДИ ДИВОГРАДБА, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски според кого скопскиот градоначалник Петре Шилегов прави медиумски притисок за да го скрие скандалот со неговата куќа.



“Петре Шилегов прави страшен притисок врз медиумите да не ја слушнете вистината!
Петре Шилегов не им одговара на пораките и не им крева телефон на телевизиите за темата!

Но,
Петре Шилегов залудно ти е се!
Фатен си до гуша во криминал!
И утре приказната ќе продолжи!
И пак сите до еден во Скопје ќе знае дека ГРАДИШ ДИВОГРАДБА НА ЧЕТИРИ КАТА”, објави вечерва Стоилковски откако не доби никаква реакција од Шилегов за скандалот во Тафталиџе.

Што “расте” на покривот на куќата на Шилегов во Тафталиџе (ФОТО)