Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук реагира на изјавата на премиерот Зран Заев кој денеска побара строго да се користи целото ново уставно име на државата бидејќи, според него, скратена форма е понижувачко за земјата и Уставот.
„Зошто да не може РС Македонија? Што има тука понижувачко и погрешно?
Во официјалната кореспонденција на државните органи треба да стои Република Северна Македонија. Во неформалната може и Северна Македонија и РС Македонија.
Во личната кореспонденција може и само Македонија, пишува Најчевска на Фејсбук.
Како што објаснува, „не може само Република или само Северна или Република Северна бидејки ја нема основната определба Македонија. Исто како што во време на социјализмот беше Социјалистичка Република Македонија. Бесмислено би било да стои Социјалистичка Република. Така? Меѓутоа СР Македонија? Зошто да не?- прашува Најчевска.






