Раул и Арпад во идеалните 8 во ракометната ЛШ

Тренерот на Европскиот ракометен првак Вардар Раул Гонзалез и голманот на црвено црните Арпад Штербик се најдоа во изборот на најдобрите, 7+1 (цела постава плус тренер) за сезоната 2016/7 година во Лигата на шампионите. Во гласањето беа вклучени сите тренери на екипите кои се дел од најелитниот натпревар.



Раул доби импресивни 20 гласа од можните 28 додека Штербик кој, потсетуваме беше и МВП на Фајнал форот во Келн е најдобар чувар според 15 стручњаци. Интересно финалистот ПСЖ има дури четворица ракометари во идеалниот состав.

Но еве го целиот тој замислен тим на сезоната во ЛШ.

Арпад Штербик (Вардар)-голаман: 15 гласа
Уве Генсхајмер (ПСЖ)-лево крило: 18
Микел Хансен (ПСЖ)-лев бек: 12
Никола Карабатиќ (ПСЖ)-среден бек: 12
Ласло Наѓ (Веспрем)-десен бек: 8
Лук Абало (ПСЖ)-десно крило: 7
Јулен Агинагалде (Кјелце)-кружен напаѓач: 12
Раул Гонзалез (Вардар)-тренер: 20