Во втор круг ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на Левица (ВИДЕО)

Без разлика на конфликтот со раководството на партијата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува дека ќе ги повика своите гласачи таму каде што во втор круг ќе се борат кандидатите на Левица со тие на СДСМ да се гласа за кандидатите на Апасиев.



Мицкоски во емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ побара гласачите на Левица таму каде што партијата нема свои кандидати во првиот круг да гласаат за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

“За возврат, во вториот круг, каде што ВМРО-ДПМНЕ нема да има свој кандидат, ќе повикам да се поддржат кандидатите на Левица.
Без разлика на одлуката и однесувањето на раководството, ги повикувам симпатизерите на Левица да нè поддржат во општините каде немаат свој кандидат”, изјави Мицкоски на Алфа ТВ.