Деве Баир: Возач на автобус спречен да изнесе 100.000 швајцарски франци од земјава

Лицето Х.О. државјанин на Турција, кој управувал со автобус на превозникот Експрес Туризам од Гостивар на редовна линија Гостивар–Истанбул, се обидел да изнесе поголемо количество девизи но бил спречен од царинските службеници на ГП Деве Баир.



„При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци“, соопшти Царинската управа.

Девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд Во Крива Паланка.