Рама шегобиец: Албанија и Македонија во ЕУ кога претседавач ќе биде Турција

Албанскиот премиер Еди Рама на Меѓународниот состанок на Блед, и преку виц ги претставил работите во поглед на проширувањето на Европската Унија.



Рама раскажал дека некој му пристапил на еден евро-оптимист и на еден евро-песимист, и ги прашал што мислат за проширувањето на ЕУ.

Оптимистот рекол дека Турција ќе влезе во ЕУ кога со неа ќе претседава Македонија или Албанија.

Одговорот на евро-песимистот бил: Да, двете ќе влезат во ЕУ кога со неа ќе претседава Турција.

Извор: Нова ТВ