И БСП го враќа мандатот за состав на бугарска влада!?

БСП ќе го врати мандатот за формирање влада, изјави за БНТ пратеникот од редовите на социјалистите, Јавор Божанков кои ги обвини партиите Има таков народ и Демократска бугарија за создавање парламентарна криза.



„Рековме дека ќе предложиме официјален кабинет, но заедно со другите партнери, но откако тие одбија да разговараат, не може тоа да се направи заеднички “, објаснил пратеникот како што пренесува БГНЕС:

На прашањето кога БСП ќе го врати мандатот, тој најави дека тоа ќе се разјасни попладнево.

Дали БСП ќе му врати празна папка со мандатот на претседателот Румен Радев или ќе има предлог за нацрт -кабинет, исто така ќе стане јасно денес.

БСП беше трета партија која го доби мандатот за состав на влада откако на Има таков народ и на ГЕРБ не им успеа тоа…