Хоџа: Да покажеме дека не сме извозници на вирусот

Запрашан зошто домашните и странските државјани и за излез од државава треба да покажат сертификат за вакцинација или ПЦР тест, портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на денешната прес конференција со одговор:



„Мерката е наша определба да направиме сè што треба нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. За влез во речиси сите земји се бараат овие документи“, рече Хоџа.

Австрискиот весник Хојте во понеделникот објави дека голем број од новите случаи на ковид-19 во тамошните болници се од патници што се враќаат во земјата. Најмногу се од граѓани кои доаѓаат во Австрија од Македонија. Изминативе две недели бројот на позитивни случаи на граѓани кои дошле од Македонија е 866, од Косово 799, од Хрватска 683 и Србија 389, потсетува СакамДаКажам.