ПЈРМ треба да се вика Вардарска Бановина, што беше нејзиното вистинско име пред да го украде името, стои во еден на твит, заедно со карта на која е впишано „идното“ име на грчкиот сосед.
Правото да го кажат своето мислење, на загрижените твитерџии никој не може да им го одземе, особено откако и по 22 години од Времената спогодба, разговорите за разликите околу името под медијаторство на Метју Нимиц, односно ОН, се покажаа неуспешни.
Грција инсистира на решение кое би било различно од уставното име Република Македонија и би се користело и за меѓународна и за внатрешна употреба.
Таканаречениот спор наметнат од Атина, веднаш по осамостојувањето на РМ беше причина за 20 месечна економска блокада (1994-1995), и за континуирано ставање пречки на евро-атлантските аспирации на Македонија.
„Врдарска Бановина“ не е никаква нова идеја во морето лицитации истресени од ракав, како што се Вардарска Република, Централнобалканска Република и оние кои наводно веќе се нашле на маса како официјален предог од грчка страна, а содржат географска – Горна, Северна – или временска одредница – Нова Македонија.
За Атина, сегашното име Република Македонија имплицира територијални и иредентистички аспирации кон северниот дел на Грција кој од 1988 година се нарекува Македонија.





