„Порталб“: „Пена во Тетово преполна со отпад – општинските власти не преземаат ништо“

„Коритото на реката Пена, која минува низ градот Тетово, е преполно со најразновиден отпад. Речното корито не се уредува, иако постои проект за тоа. Овој проект е едно е неисполнетите ветувања на градоначалничката на Тетово Теута Арифи“ – објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“ во својата информација со наслов „Мебел за домаќинства во реката Пена: општина Тетово се уште без конкретни активности“.

Порталб“ пишува: „Коритото на реката Пена е полно со ѓубре. Несовесните граѓани Покрај отпад од домаќинствата, несовесните граѓани во реката фрлиле и градежен отпад, покуќнина од куќите и што се не друго. И покрај ветувањата на општинските власти, реката и натаму продолжува да биде полна со ѓубре. Жутелите на населбата ‘Дарданија’ се плашат да не се повторат поплавите од 2015 година, бидејќи не се уредени страничните делови на речното корито.“

„Регулирањето на коритото на реката Пена е едно од неисполнетите ветувања на актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи, чиј мандат завршува за уште еден месец и половина“ – укажува порталот и дополнува: „Запрашана за неисполнувањето на ветувањето, во интервју за телевизијата ‘Клан Македонија’ во јуни Арифи рече дека работата ќе започне летово. На прашањето зошто толку доцна, на крајот од нејзиниот мандат, таа истакна дека се долги процедурите да се изготви еден проект и да се направи негов буџет.“

„Порталб“ ја цитира изјавата на Теута Арифи на 21 јуни годинава: „Имаме проект со вредност поголема од 40 милиони денари за уредување на коритото на реката од подрачјето над населбата Горна Чаршија до населбата ‘Дарданија’, каде што не постои воопшто корито. На ред е да потпишеме со ТАВ ‘Македонија’ по две недели и ова ќе почне да се работи летово.“

„Владата на Македонија на 6 јули 2021 година ги одобри проектите и подготви договори за нивно спроведување врз основа на програмата на ТАВ, но коритото на реката Пена во моментов не е гибнато, не се преземени конкретни мерки. Дури ситуацијата е отежната уште повеќе. Пред четири дена запрашана зошто работите за ова ветување се уште не се започнати, градоначалничката на Тетово Теута Арифи на прес – конференција рече дека овој проект ќе почне да се реализира многу скоро. Во меѓувреме, цостојбата со реката е влошена уште повеќе: во неа можат да се видат најразличен отпад, па и мебел потонат во водата во коритото.“ – заклучува „Порталб“ во својата информација.

Видео

Извор: https://portalb.mk/759189-orendi-shtepiake-ne-lumin-shkumbin-komuna-e-tetoves-ende-pa-veprim-konkret-video/