„Лидерот на ДУИ е слуга на Белград!“ – оваа остра квалификација на Енвер Битиќи, професор по политички науки и меѓународни односи на Универзитетот „Александер Мојсиу“ од Драч, Албанија, ја изнесе на својот фејсбук – профил по интервјуто на лидерот на „интегративците“ дадено за американската телевизија „АБЦ Њуз“, во кој тој се заложи за помирување на албанскиот и српскиот народ.
Тешкото обинување на професорот Битиќи го пренесоа информативниот портал „Индекс.мк“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и на Балканот.
„Индекс.мк“ напиша: „Универзитетскиот професор Енвер Битиќи реагираше остро кон претседателот на ДУИ Али Ахмети по неговиот апел за помирување на албанскиот народ со српскиот народ. Битиќи е изненаден од оваа изјава на Ахмети, велејќи дека произлегува оти многу од командантите на војната на Албанците биле именувани од Слободан Милошевиќ.“
“
Но, Ахмети ја презеде улогата на слуга на Белград, барајќи од Албанците ‘да се помират со Србите’! Инаку, според него, ќе избувне војна, бидејќи одмаздата, која тој ја споменува, ја има војната како средство! Накратко, Али Ахмети им се заканува на Албанците, главно на Владата на Косово.Машата на Еди Рама не смее да им каже на Србите да се помират со Албанците!’, напиша професорот на фејсбук.“.
Потоа порталот ја пренесува во целост објавата на професорот Битиќи од неговиот фејсбук – профил.
Битиќи напиша: „Потребно е помирување на албанскиот народ со српскиот народ. Инаку да одлучиме за одмазда! Овде е помирувањето, овде е одмаздата!’ – кажа Ахмети во едно интервју дадено деновиве. Произлегува дека многу од командантите на војната на Албанците биле именувани од Слободан Милошевиќ на оние задачи што ги имале. И Али Ахмети е меѓу нив!“
„Не наоѓам никаква логика да се зборува со ваков ‘јазик на дрвата’. ‘Или помирување, или одмазда!“ – изнесе професорот Битиќи, додавајќи: „Каква порака е ова? Кој треба да се помири, според Али Ахмети? Тој вели дека Албанците, жртвите, треба да се помират со Србите, агресорите! Но, зошто Србите не сакаа да се помират со Албанците, туку Албанците треба да се помират со Србите?!“
Авторот во својата објава уште и нагласува: „Ахмети знае дека ако Албанците бараат помирување, тогаш на Србите им се дава право да бараат надомест во улога на жртви. Додека Србите го бараат тоа, Албанците не бараат нипто од нив. Само да бидат оставени слободно да живеат на своите простори, во својата држава, според сопствената желба за организирање на својата држава. Како што го прават тоа Србите.“ –
„Но, Ахмети ја презеде улогата на слуга на Белград, барајќи од Албанците да ‘се помират со Србите’! Инаку, според него ќе избувне војна, бидејќи одмаздата што ја споменува тој ја има војната како средство! Накратко, Али Ахмети им се заканува на Албанците, главно на Владата на Косово. Машата на Еди Рама не смее да им каже на Србите да се помират со Албанците!“ – стои на крајот од оваа објава на универзитетскиот професор Енвер Битиќи на неговиот фејсбук – профил, која ја пренесоа информативниот портал „Индекс.мк“ и редица други медиуми на албански јазик во Македонија и на Балканот.




