Владината пропаганда деновиве се фали со мерка која на секој граѓанин по заштедува по 1,35 денари дневно или 41 денар годишно.
Во владините и објавите на СДСМ се разбира оваа бројка е изразена во милиони евра на годишно или на четиригодишно ниво за да не може на прв поглед да се види дека бенефитот за граѓаните е минорен.
“Точно пред четири години, беше донесена одлуката за воведување на дневната евтина тарифа на струјата секој работен ден од 14 до 16 часот.
Само со оваа мерка, годишно граѓаните заштедуваат околу 16 милиони евра, односно, за четири години тоа е заштеда од вкупно 64 милиони евра”, стои во соопштението на СДСМ кое ако се разглоби на месеци и денови ќе се добијат сумите од 1,35 денари дневно, 41 денар на месечно или 490 денари на годишно ниво.
Но дури и за оваа бројка СДСМ не дава методологија како се наводно заштедени овие суми.
За 4 години владата на СДСМ и ДУИ земјата ја задолжија за дополнителни речиси 4 милијарди евра или околу 70 пати повеќе од фиктивната заштеда со која сега се фалат.






