Се смирува ли во Тетово ситуацијата со корона вирусот

„Во последните 24 часа во Тетово се бележи намалување на бројот на хоспитализирани лица. Имаме 116 хоспитализирани, сите на кислород, и имаме двајца починати на возраст над 50 години и над 80 години. Се намали и бројот на приемите. Имаме девет во последните 24 часа. Од овие 116 хоспитализирани сите се целосно невакцинирани, само шест со една доза вакцинација. Апелирам до сите граѓани да се вакцинираат бидејќи ова е единствениот начин да се заштитат, ве молиме вакцинирајте се.“ – изјави Миранда Пајазити од Ковид – центарот во Тетово.

Инаку, до денес, во Тетово и околните општини, процентот на вакцинација достигна 40 отсто од населението. Бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат се зголеми по неодамнешните мерки на комисијата за заразни болести, но и зголемувањето на пунктовите за вакцинација во градот.

Ситуацијата со заразените од корона во Гостивар се уште е загрижувачка. Три лица починаа во последните 24 часа. Во болницата во Гостивар моментално има 53 пациенти, од кои 35 се на кислородна поддршка. Од Инфективното одделение велат дека има слободни работни места во модуларната болница, но тие се без приклучок на кислород.

Интересот за примање вакцина во градот Гостивар е зголемен. На единствениот пункт за вакцинација, има метеж. Жителите се револтирани што чекаат со часови и не можат да примат вакцина.
Граѓани за ТВ „Алсат“ велат:

„Чекам од утро, од утро, ни беа дадени бројки бидејќи примаме по прв пат. Да од 7 и 20 чекам. Кога ќе ни дојде редот, тогаш ќе влеземе“.
„Дојдов во петокот, ми рекоа нема, дојди во понеделник, дојдов и денес, еве го бројот што ми го дадоа, чекај, почекај ја првата доза, втората доза, воопшто никаде. Кажи ми што да правам, ништо не се почитува“.

За разлика од Гостивар, во Тетово ситуацијата е помирна. Бројот на заразени лица заедно со амбулантски прегледи е намален, а зголемувањето на пунктовите за вакцинација ги намали турканиците пред нив.

Извор: https://alsat.mk/mk/vo-tetovo-situatsijata-so-korona-virusot-izgleda-posmirena/