Трифонов одбива да поддржи влада на бугарските социјалисти

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов се изјасни дека нема да поддржи влада која би ја составиле бугарските осцијалисти кои, како третопласирана партија на избориет вои јули, го добија мандатот од претседателот Румен Радев.



„Воспитувањето бара да одам на состанок со БСП, но причината што не го поддржуваме БСП е тоа што ние прво имаме многу големи разлики – исто како и различните политички формации. БСП е левичарска формација. Тоа е дел од статусквото, не не’ поддржа кога имавме можност да формираме влада “. – вели Трифонов. Сега поддршката од ИТН би звучела чудно“, изјави тој.

Да потсетиме, Има таков народ како победник на вонредните избори го доби мандатот за состав на влада но не доби поддршка од другите 5 партии во бугарското собрание.