Алмедин Шаиноски е претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска во дебарската полиција пријавил напад од функционери на СДСМ.
“Денеска бев цел на нервозата и агресијата на партиските функционери на СДСМ Дебар
Нервозата во СДСМ од внатрешниот и надворешниот партиски раскол преоѓа во агресија со закани и напади. Расколот којшто им се случува ги прави да губат контрола врз себе.
Денеска среде намерно предизвикан сообраќаен застој, се обидоа и физички да ме нападнат. Агресивноста со закани и обид за напад го направија активист на СДСМ од Дебар, во присуство на Директорот на Агенцијата за одземен имот Фатон Асани.
Двајцата беа застанати со нивните возила на коловозна лента со што буквално беше блокиран сообраќајот. Кога пристигнав на тоа место и бев виден од нивна страна бев агресивно нападнат со навреди, закани и погрдни зброви. Да не успеав да минам со возилото, не знам како ќе завршеше случката.
Јас случајот го пријавив во полиција и очекувам разврска.
Очигледно им расте нервозата и паниката во моментите кога коалицијата на СДСМ се раситнува, а опозизијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се окрупнува во пресрет на локалните избори.
Како ќе се наближува денот на избори, така и нивната агресија ќе расте, но нема да успеат!
Нивното место е во историјата,
доаѓа времето на Македонија за сите луѓе!”, објавува Шаиноски.






