Детски кардиохирург дава бесплатни консултации за трудници

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски со хумана понуда до сите трудници кај кои е забележана срцева мана на плодот.



“Годишно во Македонија се раѓаат од 120 деца со вродедни срцеви мани. Постојат 180 типови на истите и 240 хируршки техники во нивно решавање. На секоја трудница на која со ЕХО е дијагностицирана срцева мана кај плодот, може да дојдат на консултација кај мене без никаква финансиска надокнада!”, објавува Чадиковски кој предходно ја отфрли можноста да се кандидира за градоначалник на Скопје за да може да помага на најмалите пациенти.