Села по средбата со Гаши и Мицкоски: Заедно ќе донесеме промени

Лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села најавува дека новата коалиција на десниот центар со Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе промени во Македонија.



“Денеска заедно со Африм Гаши се сретнавме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да ја официјализираме соработката на десниот центар во пресрет на локалните избори, фокусирајќи се на борбата против корупцијата во општините управувани од СДСМ-ДУИ и одржливиот развој. Заедно, ќе донесеме промени!”, напиша Села по средбата.