Уште еден социјалдемократ во трка за градски татко на Скопје

Поранешниот социјалдемократ, член на НСДП и пратеник Љубомир Јосифовски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Скопје. Тој денеска објави дека со собирање 1.000 потписи ќе ја поднесува својата кандидатура до Државната изборна комисија (ДИК).



Јосифовски кој е поранешен член на СДСМ и НСДП е предложен од Група граѓани како независен кандидат за град Скопје, а потписите за него веќе се собираат.

Јосифовски се одвои од НСДП откако јавно најави дека ќе влезе во трка за лидер на партијата на чие чело е Тито Петковски.

Зад неговата кандидатура застануваат повеќе групи незадоволни члњнив на СДСМ, НСДП и ЛДП.