Од 1 септември онлајн настава во Тетово и Гостивар

Настава во време на корона

Комисијата за заразни болести едногласно го прифатила барањето на тетовскиот кризен штаб и на градоначалничката Теута Арифи на 1 септември наставата во средните училипта да не започне со физичко присуство.



Одлуката се однесува на полошкиот регион, онлајн настава ќе се спроведува две недели, а потоа ќе се разлега уште еднаш состојбата со коронавирусот во овој регион.

„Со консензус се донесе препораката за средните училишта во полошкиот регион, во Тетово и во Гостивар учебната година од 1 септември да започне онлајн и така да се одвива во првите две недели. Потоа ќе бидат разгледани состојбите со бројот на новодијагностицирани лица”, рече Филипче кој имаше средба со градоначалничката Арифи и додаде дека една од главните причини за позитивниот одговор кон барањето е всушност, преоптовареноста на болниците со ковид – пациенти.

Тетовскиот кризен штаб побарал три недели онлајн настава во септември, дознава МКД.МК, а градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари бараше учебната година во земјава да започне на 1 октомври, со цел да се избегне пикот на заразата во септември.

Настава во време на корона