СДСМ возврати на објавата на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој најави дека ќе се кандидира за независен кандидат.
Партијата најави дека ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро.
“Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за Кумановци.
За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес”, објави СДСМ.
Судирот на терен меѓу членовите на СДСМ се очекува да се води меѓу групите под контрола на Димитровски и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.





