Ѓулистана Марковска кандидатка за градоначалник на Кисела Вода

Поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска, ќе се бори за градоначалничкото место Кисела Вода како граѓански кандидат на коалицијата на ДОМ и ЛДП.



Марковска за „Слободен печат“ ја потврди информацијата:

„Чест ми е што партии кои претендираат за коалиција со граѓаните и не се ни лево ни десно ориентирани решиле да ме поддржат на изборите. Се надевам дека мојата кандидатура ќе им овозможи на граѓаните кои се незадоволни и од левиот и од десниот блок и се во тешка апатија и кои немаат желба да гласаат, да излезат и да го дадат својот глас слободно, со цел изборите навистина да бидат не само легални, туку и легитимни. Сметам дека локалните избори се вистинско место за промоција на граѓани кои ќе се занимаваат со реалните човечки проблеми врзани со тоа каков воздух дишеме, каква вода пиеме, каква храна јадеме и по какви улици се движиме“, заклучува Марковска.

Д-р Мароковска, беше пратеник во првиот состав на Македонското собрание во 1991 година, а потоа и во мандатот од 1998-2002 година.