Првата група евакуирани бегалци од Авганистан, пристигнале синоќа во Албанија, соопштија властите од тирана.
Владиниот портпарол го потврди доаѓањето на Авганистанците во Тирана, без да даде повеќе детали и соопштио дека снатува збор за група од 71 бегалец.
Мажи, жени, деца и стари лица при пристигнувањето се тестирани за коронавирус, а по регистрацијата се префрлени во хотели, соопштија албанските власти.
Албанија и Македонија се меѓу првите земји што понудија привремено прифаќање евакуирани Авганистанци, откако талибанските екстремисти ја презедоа власта во Авганистан.
Премиерот Еди Рама вчера рече дека Албанија може да прифати до 4 000 Авганистанци.






