Бајден: Ќе се одмаздиме

Американскиот претседател eо Бајден се обрати на нацијата по вчерашниот терористички напад во Кабул во кои загинаа 60 цивили и 12 американски војници, а најмалку 140 лица беа повредени, а одговорноста ја презеде терористичката Исламска држава.



„Терористите го нападнаа Кабул вечерва“, рече Бајден на почетокот на своето обраќање. “ИСИС-К ги одзеде животите на американските војници. Рани многу цивили и многу цивили беа убиени. Убиените американски војници беа херои, херои кои спасуваа животи на другите”, рече Бајден.

„На оние што го извршија нападот – знаете, ние нема да им простиме, нема да заборавиме, ќе ве ловиме и вие ќе платите“, се закани Бајден.

„Мораме да ја завршиме оваа мисија. Терористите нема да не спречат, ќе продолжиме со евакуација. Наредив напади врз местата на ИСИС-К. Овие терористи нема да победат, рече американскиот претседател.

Американскиот воен најави дека ќе тргне против Исламската држава: „Нападот на влезот на аеродромот го извршија бројни вооружени припадници на Исламската држава, кои отворија оган врз цивили и воени сили“, изјави за новинарите во Пентагон генералот Френк Мекензи од американската централна команда, пренесува Ројтерс.

Генералот рече дека САД го задржуваат правото да дејствуваат против ИД во Авганистан, доколку се утврди дека се поврзани со овој кукавички напад и дека американските војници се подготвени да преземат мерки против нив и дека ќе ги искористат сите достапни воени средства во одбрана на аеродромот во Кабул.