Албанскиот премиер Еди Рама ја објасни со хумани, а не верски побуди, одлуката за прифаќање бегалци од Авганистан, давајќи пример од своето семејство.
„Јас сум католик, мојата жена е муслиманка, а двете постари деца се православни. Нашиот најмлад син, ако го сака тоа, може да избере да биде од еврејска вера. Овде станува збор за луѓе, без оглед на бојата на нивната кожа, културата или верата. Ако Европската унија и САД решат да ја повлечат својата поддршка за авганистанските бегалци, ние нема да го направиме тоа. Ние ќе им дадеме засолниште“, го цитира Рама косовска „Газета експрес“.
Албанскиот офицер и аналитичар предупредува
Демирај: „Авганистанските бегалци да се надгледуваат 24 часа во оградени простори!“






