ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во СДСМ: Никој не сака да оди во пораз

Во СДСМ раскол пред изборите, никој не се нафаќа да оди во пораз, единствено старите и компромитирани кадри, пишува ВМРО-ДПМНЕ од каде целата дека СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидира Сугарески кој смени пратенички, министерски и директорски места за сега по кој знае кој пат да алудира за нова функција. Според соопштението во Прилеп “никој не сакал да губи, единствен кој се нафаќал на пораз е вечниот функционер на СДСМ, Сугарески, кој заедно со фамилијата на власт пустошеше изминативе години”.



“Иста е ситуацијата и со Велес. СДСМ нема кандидат кој ќе се нафати да трча освен некој стар истрошен кадар како Марјан Николовски.
Поголем број општински ограноци откажуваат послушност на Заев заради се поевидентниот пораз на СДСМ.
Секој во СДСМ се спасува себе си, само Заев и старите и истрошени кадри со него нема кај да бегаат”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од сметаат дака е време за одговорност, за промени,за “Македонија за сите луѓе”.