Кандидатката Цвета ги поздрави Македонците со мисла од Ханот Кубрат до Аспарух и Кубер

Кандидатката за претседател на Бугарија Цвета Кирилова со нова бизарна порака до Бугарите во Македонија.



Откако предходно цела Македонија до Охрид ја стави во бугарски рамки сега таа Македонците ги нарекува Бугари од Македонија и ги поздравува со мисла на театарскиот Хан Кубрат за браќата Аспарух и Кубер со кои Македонците немаат никаква историска врска.

Да биде поздравот побизарен Кирилова него го испраќа преку македонска народна песна “Ја излези ѓурѓо” испеана од групата Некст Тајм со што јасно укажува дека не им се обраќа на Бугарите туку за Македонците во Македонија.

“Заедно можеме повеќе! ❤
Посебен поздрав до Бугарите во Република Македонија.

Кубрат им остава аманет на своите синови – Никогаш не се разделувајте! Сетете се на Кубер, братот на Аспарух”, пишува Кирилова.

На последните бугарски избори во Македонија гласаа само неколку стотици бугарски државјани што е далеку од бројката од стотина илјади Бугари кои наводно според бугарските политичари живеат во Македонија.

https://www.facebook.com/100044150933867/posts/386336542848040/

Поврзана вест

Духот на Бугарката Цвета и бездушните Македонци – пишува Драган Милосављевиќ