Владата ќе потроши 18,5 милиони денари за кампања за вакцинација

Година ипол од почетокот на епидемијата и 8 месеци од почетокот на вакцинацијата, Владата денеска почнува национална кампања за вакцинација, која чини 300.000 евра, а според најавите целта е да се информираат граѓаните за придобивките од вакцината, но и борба против лажните вести и антиваксерските движења.



На сајтот на Бирото за јавни набавки е објавена оваа маратонска сума за кампањата „Вакцинирај се“.

Граѓаните веќе реагираат дека е бесмислена и задоцнета и дека ова е неразумно трошење на народните пари.

Кампањата за вакцинација денеска ја најавија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, а според опозицијата, двоецот Заев- Филипче доцни повеќе од девет месеци.

“По повеќе од девет месеци или кон крај на минатата година кога во сите земји стартуваше вакцинацијата против корона, во Македонија ништо не беше на повидок ниту вакцини, ниту пак како да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат. Сега, повеќе од десет месеци по тоа, Зоран Заев и Венко Филипче решија да организираат кампања за да ги поттикнеле граѓаните на вакцинација. Во меѓувреме, ги поделија на граѓаните, воведоа фашизоидни мерки и сега ќе терале кампања. Филипче и Заев ако сакаат да ги мотивираат граѓаните има милион начини како да го сторат. Но, доцнат премногу. Поради нивната неспособност се случи и четврти бран, поради нивна неспособност не е организиран здравствениот систем за ниту еден бран од почетокот на пандемијата, поради нивната неспособност бројката на починати од корона се движи кон шест илјади починати. Од 17 октомври ќе почне крајот на политичари како Заев и Филипче”, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Во кампањата владата користи име кое според самата влада не би требало да се користат.

Ќе му се налути ли Мицотакис на Заев за спотот за вакцинација?