Откако Драган Павловиќ Латас напиша анализа за политичките карактеристики на лидерот на Левица Димитар а Апасиев врати со инсинуации од приватноста на новинарот, доби соодветен одговор.
На одговорот на Апасиев дека Латас имал швалерка со која требало да одат во затвор но се договориле новинарот му одговори да внимава на сопругата.
Освен мешањето на приватен живот од страна на Латас во постот на Апасиев е спорно што новинарот е гонет од СЈО каде извесен период Апасиев беше советник на сега осудената Катица Јанева.
“Лик како тебе, Апасиев, што донел на власт аболициран политичар плус под истрага, си го одземал правото да зборува за одговорност, право и правда. А швалерки… пошто ти не можеш да имаш, припази малку на женати, она е со бољи изгледи за швалерај од тебе”, одговори Латас на инсинуации те на професорот за швалерки и договор со обвинителството.
Лик како тебе, Апасиев, што донел на власт аболициран политичар плус под истрага, си го одземал правото да зборува за одговорност, право и правда. А швалерки… пошто ти не можеш да имаш, припази малку на женати, она е со бољи изгледи за швалерај од тебе
— Латас (@LatasNews) August 23, 2021
Војната на Твитер започна со анализата на Латас за политиките позиции на Апасиев во која тој го нарекува Талибан и дава низа тешки квалификации и анализи но не навлезе во приватноста или во семејството на Апасиев.
Ова е прв пат во историјата на независна Македонија етаблиран политичар и пратеник во Собранието да влегува во директен конфликт со новинар со користење на интимни инсинуации кои не се поврзани со политика.
Латас со колумна за претседателот што се откажа од СДСМ и “Талибанот” Апасиев






