Советничката на опозицијата Јелена Жугиќ открива што се случувало на последната седница на Советот на град Скопје.
“Траорна седница на Совет на Град Скопје. Реализација на буџет за тековнава година за првите 6 месеци огромна НУЛА во сите сектори, скоро сите Јавни Претпријатија и покрај субвенции од Градот работат со загуба и се во минус…нови 130 вработувања за ‘22ра…парите од продажба на Градска Куќа ги нема во буџет…”, пишува Жугиќ.
Граѓаните се уште не знаат каде се 12,5 милиони евра кои Шилегов ги доби при продажба на Градската куќа која во минатиот мандат ја направи администрацијата на партијата на Жугиќ, ВМРО-ДПМНЕ.





