Во својата понеделничка колумна новинарот Драган Павловиќ – Латас со осврт на состојбите во СДСМ од која се откажал и нејзиниот основач како и за улогата на лидерот на Левица Димитар Апасиев во позициите на СДСМ.
Фабричко ,,подешавање”
Падна Авганистан, за девет дена. Нашата Крушевска република издржа подолго. Зошто? Во политиката ништо не е случајно. Па и кога е, тоа се случува со некој план.
Ние имаме свои талибани. Земаа власт без победа на избори. Прво што направија, и нашите талибани, уриваа споменици, апсеа политичари и новинари, преземаа медиуми со смена на уредници и воведоа шеријатски, партиски суд и нивното партиско СЈО.
Дури и Бранко Црвенковски се откажа од таквата власт, од СДСМ.
По нивната шарена Куртон револуција со полнење презервативи со боја и уништување државен имот власта им се оддолжи со десетина милиони евра од државни фондови, плус милион евра годишно за вазелин. Да им клизи односот помеѓу власта и невладините владини активисти. Некои од нашиве талибани се “со продолжено опозиционо дејствие“.
“Доаѓа потешка криза од сите претходни“
“Доаѓа потешка криза од сите претходни“
Талибанот Апасиев е избраниот да глуми опозиција за потреби на власта. Производ на Куртон револуцијата, има задача да го буши бродот на опозицијата додека Заев му чува чамец за спасување. Како што Милошевиќ си го имаше Шешељ, Заев си го има Апасиев.
Отпрвин и јас очекував нешто од него. Веројатно во оние матни времиња по талибанското преземање на власта секој што најавуваше опозициони намери беше добердојден. Па така и Апасиев, со Левица. Многумина, уште на почетокот, попаметни од мене одбиваа и помисла Апасаиев да биде препознаен како опозиција. Но, јас мислев дека треба во опозицијата да биде примен со добердојде, што го напишав уште во март 2018-та.
Три ипол години потоа, ставам црта на моето добердојде и очекувањата од Апасиев. По три ипол години стрпливо посматрање, квалификувано може да се констатира: Апасиев и Левица никогаш ниту сакале да бидат, ниту биле опозиција против Заев и СДСМ.
Кога и да затребало “проектот Левица“ бил помогнат од СДСМ. Било Димитар Апасиев, божемен опозиционер, да биде ставен за платен советник во СЈО и директно да помага апсење опозиција, монтирање предмети, гонење новинари и медиуми, корупција во СЈО од врвот надоле… СДСМ бил тука, да го одржи на површина. И да го награди со кеш.
А кеш е магичниот збор на кој паѓа Апасиев. Каде има пари без работа, Апасиев е таму. Донации од Куртон револуцијата, СЈО, Еуроистандард банка, од фоднови за култура…
Како што СДСМ му спакува судска пресуда и Димитар Апасиев по судски пат бидна претседател на Левица. Заев и СДСМ со помош на судот го одржаа на власт во партијата, и пак го задолжија. Тој е лидер на Левица по одлука на Суд, и на СДСМ.
Нивната шарена револуција имаше тројца фронтмени: Павле Богоевски, Димитар Апасиев и Здравко Савевски. Здравко Савевски по судски пат бараше тргање на Апасиев од лидерската позиција на Левица, но СДСМ пресече и го даруваше Апасиев со лидерство.
Целата колумна на Вечер






