Ковачев му се пожали на Билд: Од Скопје Бугарите ги викале „татари“

Бугарија постојано покажува добра волја кон Република с Македонија, но и покрај тоа, Скопје користи говор на омраза против Бугарија институционализиран во учебниците и медиумите, кои Бугарите ги нарекуваат „Татари“ и „фашисти“. Со своето сегашно однесување, РСМ не може да ги започне пристапните преговори со ЕУ без јасен патоказ, кој треба да биде дел од заеднички договорената рамка за преговори со ЕУ.



Ова му го напишал во писмо бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на шведскиот политичар Карл Билт, копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, кој ја обвини Бугарија дека ја уценува Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

Писмото е реакција на напис на Карл Билд за Prоject Syndicate .

Ковачев на Билд му се жали и дека „повеќе од 130.000 граѓани на РСМ добиле бугарско државјанство врз основа на потекло, но нивното постоење е целосно игнорирано од Скопје“, пренесува News.bg.

Тој го повика шведскиот политичар да се приклучи на напорите за вистинско европско помирување и да ги отфрли „бруталните злосторства и лаги против Бугарија, кои се дел од комунистичкото наследство“…