Филипче: Гинеколози, педијатри, матични за авганистанските бегалци

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу доаѓањето на бегалците од Авганистан, истакна дека ќе има протокол за нив.



„Разработивме еден протокол, една препорака со оглед на ситуацијата и со оглед на тоа дека можно е организирано да дојде поголема група луѓе и секако, да се пречекаат како што треба.

Ние не знаеме како е точно таму ситуацијата, треба да им се пружи лекарска помош ако им е потребна. Ќе стигнат жени и деца, ќе дојдат гинеколошки и педијатриски тимови, како и матични лекари за сите, за да видат дали евентуално е потребна лекарска помош“, рече министерот

Тој посочи дека на сите лица кои ќе дојдат од Авганистан ќе им се прави ПЦР тестирање, а два или три дена подоцна ќе бидат вакцинирани, а истото ќе се спроведе во местата каде што ќе бидат сместени.