Поранешниот грчки премиер и лидер на најголемата опозициска партија СИРИЗА-Прогресивна алијанса Алексис Ципрас во ја обвини владата на Мицотакис дека не е во состојба да ги заштити националните интереси на земјата од турските закани.
Поранешниот премиер се осврна на неодамнешниот воен договор меѓу Македонија и Турција, тврдејќи дека актуелната грчка влада не е во состојба да го запре проширувањето на влијанието на Турција во регионот.
Според грчките аналитичари кои го коментираат конфликтот Турција има политичко влијание во Македонија, преку Турската демократска партија (ТДП), која минатиот месец го одржала 10 -тиот редовен конгрес на партијата во Скопје, за кој известувала турската државна Anadolu Agency а на кој присуствувале министри, пратеници и политичари од Турција и регионот.
“Премиерот Кирјакос Мицотакис не може да ги заштити националните интереси на Грција во Северна Македонија се додека не потпише три договори Грција-Македонија за ратификација во Парламентот” , смета поранешниот премиер Ципрас според кого Мицотакис се плаши да потпише затоа што над плаши од радикалниот екс премиер Самарас кој може да ја искористи умереноста кон Македонија од актуелниот премиер.
Под владата на Сириза, Грција и нејзиниот северен сосед го потпишаа Преспански договор во јуни 2018 година, што и овозможи на Македонија да добие членство во НАТО и го отвори патот за идна апликација за пристапување во Европската унија, пишуваат грчки медиуми кои пренесуваат дека Сириза, исто така, ја обвини владата дека „ја поткопува секоја опција за развој на стратешки односи со Македонија, оставајќи го полето широко отворено за Турција“.
Според Ципрас „Преспанскиот договор е причината што веќе постои договор за одбрана меѓу Грција и Македонија, а авионите на грчките воздухопловни сили ја преземаа својата одбрана од воздух, дека има обука на специјални сили, падобранци и нуркачи, како и во сајбер- одбраната, како и заеднички воени вежби на двете земји “.





