Американците реновирале медицинска установа, Филипче дошол да ги види резултатите

Американските даночни обврзници платиле да се реновира медицинскиот капацитет во Пробиштип.



Министерот за здравство Филипче бил на церемонијата на отварање на објектот.

“200.000 американски долари за реновирање поддржано од САД за Ургентниот центар и и капацитетите во Здравствениот дом Пробиштип ќе го подобрат животот на пациентите, критични за време на тековната пандемија. Ерик Мејер од ЦДА, , генерал -мајор од Националната гарда на Вермонт Најт и македонскиот министер за здравство ги видоа резултатите денес”, пишува во твитот на американската амбасада во Скопје.

Македонија со Филипче има историски рекорден државен буџет со висок процент на пари за здравство.