Командата на американското воено воздухопловство објави дека рекордни 823 патници биле во транспортниот авион Ц-17, кој бил меѓу првите што го напуштиле аеродромот во Кабул откако Талибанците минатата недела влегле во градот, пренесоа медиуми.
На Твитер беше објавена и фотографија од Авганистанци во авион што го обиколи светот последните денови.
Првата информација беше дека во авионот имало 640 луѓе, но во исправката се наведува дека се работи само за бројот на возрасни, односано дека во авионот имало и 183 деца.







