Проверете дали ве има во Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) од денеска па до 9-ти септември на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.



Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Локалните избори се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одрже 30 октомври.